Четврти пат велосипедска трка околу Охридското Езеро

Од:

Велосипедскиот клуб „Екодром“ од Охрид по повод Денот на езерото задутре четврти пат ќе ја организира традиционалната рекреативна обиколка на езерскиот брег со велосипед што оваа година ќе се одржува под мотото „Заобиколи го езерото, почитувај го езерото“.

Новина за оваа година е што за учество во трката ќе се уплаќаат по 150 денари партицијапција, а средствата од трката ќе бидат наменети за хуманитарни цели, како помош за ранливите категории граѓани во општина Охрид.

Стартот на трката е предвиден за 11 часот, а предвидената маршрута води од Охрид преку Струга, Калишта, Ќафасан, Лин, Поградец, Љубаништа, Трпејца, Пештани назад до Охрид. Учество во трката најавија и градоначалниците на Охрид, Поградец и Струга, кои и лично со велосипеди ќе учествуваат во дефилето низ охридските улици, со што симболично ќе биде означено отпочнувањето на проектот „Критична маса – велосипедистите во сообраќајот“.

Иницијативата за тој проект потекнува од 1992 година во Сан Франциско кога група од триесетина велосипедисти со дефиле низ градските улици го кренаа гласот против возачите на моторните возила.

Иницијативата масовно е прифатена во светот, а во Македонија веќе се спроведува во Скопје и во Тетово.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски