„Фејсбук“ соопшти дека има над еден милион активни огласувачи

Од:

Компанијата „Фејсбук“ на својот сајт објави дека нејзината социјална мрежа има „над еден милион активни огласувачи“. Дан Леви, еден од шефовите на „Фејсбук“ одговорен за маркетингот на компанијата, им изрази благодарноста на сите овие компании кои се активни огласувачи.

– Вие го избравте „Фејсбук“ како партнер за да ја зголемувате вашата дејност. Ја користиме можноста да работиме со вас, напиша Леви на интернет страницата на „Фејсбук“.

Кон крајот на март социјалната мрежа Фејсбук објави дека има 1,11 милијарди активни корисници.

Сомнежите во способностите на компанијата за заработка, најмногу од мобилниот пристап на корсниците, беше една од причините за нејзино фијаско по почетокот на котацијата на берзата минатата година.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он