Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој постигна два гола синоќа во четвртфиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен (3:2), ги сподели своите размислувања по натпреварот.
– Обожавам да одам на теренот против најдобрите играчи во светот. Мануел Ноер е еден од најдобрите голмани во историјата. Не чувствував притисок. Не можев да постигнам гол против него во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона, па сега го сторив тоа. Се надевам дека ќе можам да го повторам тоа и во реваншот. Игравме со најдобриот тим во Европа во моментот. Тежок натпревар. Дејствувавме добро и заедно се справивме со тешкотиите. Но, ова е само првиот дел од една голема конфронтација. Ќе треба да играме самоуверено и на реваншот, рече Мбапе.
Возвратниот дуел е закажан за 13 април во Париз.