Македонија на Медитеранските игри кои од 18. до 30. јуни ќе се одржат во Мерсин, Турција, ќе го одбележи со 174 члена експедиција, од кои 116 спортисти и 58 официјални лица.
Нашата експедицијата ќе биде предводена од спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, а ќе се натпреваруваме во 19 спортови.
Ова е наше прво учество на Медитерански игри на кое ќе партиципираат спортисти од 24 земји.
Натпреварите почнуваат на 18 јуни со кошаркарскиот турнир, а веќе следниот ден стартува и фудбалскиот турнир.