Џенифер Гарнер повторно проговори отворено за нејзиниот личен живот, што уште влече траги по интензивното јавно внимание, и од таблоидите, со кое се соочи за време на нејзината врска, брак и развод со Бен Афлек.
Двете sвезди се венчаа 2005 година по една година врска. Десетлетие подоцна, парот имаше три деца: Вајолет (15), Серафина (12) и Сем (9), но Гарнер и Афлек, сепак се разведоа – конечно во 2018 година. Оттогаш и двајцата се најдоа во нови врски, па Гарнер сега, во интервју за „Пипл“ искрено разговара за можноста повторно „да се врзе“ со некого еден ден.
– Не знам. Во мигов сум толку далеку од тоа… И не знам дали бракот треба да биде дел од тоа… Мислам дека дефинитивно нема да бидам сама засекогаш. Но, сега не е време. Не треба да комплицирам. Добро сум, рече таа.
Натаму, вели дека минатата година на пандемијата научила дека, како жена, е прилично цврста.
– Добро сум кога сум сама дома. Добро сум кога сме само децата и јас. Добро сум кога ќе отидат некаде. Мислам дека имам и „свои моменти“, но главно, навистина сум добра, рече таа.