На зградата на првата независна телевизја на Либија во Бенгази денес е фрлена бомба, а според наводите на вработените, едно лице е повредено.
Вработен во телевизијата „Либија ал Хура“, Тарек ел Исави изјави дека еден негов колега е повреден во нападот, кој што се случи во текот на ноќта.
„Либија ал Хура“ е прв независен телевизиски канал, кој што е формиран по востанието во кое е урнат режимот на Моамер Гадафи.
Министерството за култура најостро го осуди овој напад и обид да се заплашат медиумите.
Елена Георгиевска