Претседателката на Косово, Атифете Јахјага изјави дека локалните избори ќе се одржат во текот на октомври во северниот дел, а во исто време и на целата територија на Косово.
Како што е соопштено од најзиниот кабинет, Јахјага во текот на средбата со специјалниот пратеник на Европската унија на Косово, Самуел Жбогар нагласила дека одржувањето на изборите на цела територија на Косово е најдобра можност за сите граѓани.
Во врска со изборите во четирите општини на север, во кои Србите се мнозинство, наведе дека е потребна поддршка и помош од ОБСЕ.
За да се почитуваат одредбите од договорот помеѓу Белград и Приштина кој што е постигнат во Брисел, како што е соопштено 20-ти и 27-ми октомври се датуми за одржување на општинските избори на цела територија на Косово, вклучувајќи и четири општини на север во Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и нова општина Северна Митровица.
Елена Георгиевска