Шри Ланка побара нејзиното знаме да не се користи како дизајн за бикини

Од:

Шри Ланка побара од американската компанија „Амазон“ да ги отстрани дводелните костими за капење и душеците во облик и со слика на лавот од националното знаме, од нејзината понуда.

Како што објавија тамошните власти, земјата испратила протестна нота пред два дена поради појава на такви производи во Кина. Амбасадата на Шри Ланка во Кина побарала сите производи со „злоупотреба на знамето“ на Шри Ланка, да бидат повлечени. Шри Ланка е, велат оттаму, чувствителна на сѐ што смета дека е несоодветно искористено, како што се знамињата и будистичките симболи.

Сепак, два дена по интервенцијата на Шри Ланка, трговците сè уште нудат на продажба предмети инспирирани од нејзиното знаме. Некои кинески трговци на Амазон нудат душеци по цена од 10 до 24 долари, а бикините чинат меѓу 9 и 17,30 долари.

„Ако не успееме во ова, тие најверојатно ќе го испечатат нашето знаме и на тоалетна хартија“, рече еден загрижен граѓанин на интернет.

Амбасадата на Шри Ланка во САД исто така соопшти дека реагирала и поднела тужба до американските власти за „повреда на интелектуалната сопственост на Шри Ланка“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ