Во Албанија пристигнуваат 38.400 дози од вакцината на АстраЗенека

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама објави на Фесбук дека утре во неговата земја ќе пристигне пратка со вакцини од АстраЗенека.

-Добра вест. На 12 март (утре) Ги добиваме првите 38.400 дози вакцини од АстраЗенека и веднаш почнуваме со имунизација на просветните работници, напиша Рама.

Албанија со Ковакс има потпишано договор за 1.114.000 дози на вакцини, за што се платени 3,9 милиони долари.

Процесот на имунизација против Ковид-19, под мотото „Албанија насмевната“ почна на 11 јануари, со добиените 975 вакцини од, како што тогаш кажа Рама, пријателска земја. Во меѓувреме во Албанија пристигнати се и 22.230 вакцини од компанијата Фајзер од договорените 500 илјади.

Досега вакцинирани се над 22 илјади луѓе, главно здравствени работници и постари лица од 80 години.

Со донесената одлука албанската Влада го отвори патот за преговори за руски и кинески вакцини. Според денешниот нормативен акт, овластени за преговорите се министерката за здравство Огерта Манастирлиу и министерот за обнова, Арбен Ахметај.

Би можело да ве интересира

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија