Почина творецот на аудио касетата и пионер на ЦД-технологијата, Лу Отенс

Од:

Лу Отенс, креаторот на аудио касетата и пионер на ЦД-технологијата, почина на 94-годишна возраст во неговиот дом во Дуизел во северна Холандија.

Отенс, кој сакал да биде инженер, започнал да работи за Филипс во 1952 година, а осум години подоцна веќе бил шеф. За една година, тој и неговиот тим го развија првиот преносен снимач на касети, кој се продаде во повеќе од милион примероци, пренесува веб-страницата Дач њуз. Две години подоцна, тој го модифицираше магнетофонот и го претвори во касета.

Многу години подоцна, Отенс започна да развива ЦД-технологија за Сони и Филипс, која беше продадена во повеќе од 200 милијарди примероци.

Тој се пензионираше во 1986 година, но цело време одбивал да ги преземе заслугите за учеството во технолошката еволуција која им овозможи на милијарди луѓе да слушаат музика.

– Сето тоа беше тимска работa, велеше Отенс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски