Светската трговска организација (СТО) упати апел до новата генерална директорка, Нгози Оконџзо-Ивеала, да разговара со производителите на вакцини против Ковид-19 за зголемување на нивното производство.
„СЗО треба да ги искористи своите ресурси и да работи на прагматичен и изводлив начин да го зголеми производството на вакцини во глобалната борба против пандемија на Ковид-19, но и во дистрибуцијата на дозите низ целиот свет“, се наведува во соопштението на СТО, пренесено од британските медиуми.