Тачи: Косовските институции се подготвени за примена на договорот

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи на заменикот на американскиот државен секретар Вилијам Бернс му пренесе дека косовската влада и институциите се подготвени да започнат примена на бриселскиот договор.

Тачи истакна дека во завршна фаза се промените во законодавството, кои што се неопходни и истите ќе бидат усвоени во косовскиот парламент.

Тој го информираше Бернс за процесот за нормализацијата на односите со Србија, во согласност со бриселскиот договор и наведе дека двете држави треба што поскоро да започнат да го применуваат договорот.

Тачи му се заблагодари на Бернс за континуираната американска поддршка на Косово во минатото, но и сегашните напори за решавање на проблемите.

Бернс нагласи дека САД ќе продолжи да врши притисок за целосна имплеметанција на бриселскиот договор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска