Вакцините против Ковид-19 се продаваат на црниот пазар по цена од 250 до 1.200 американски долари, соопшти компанија Касперски, која ги истажуваше огласите за продажба на вакцини на „темната мрежа“ (Dark Web).
Огласите, како што наведува глобалната компанија за сајбер-безбедност, биле за вакцините на Фајзер/БиоНтек, на АстраЗенека и на Модерна, но имало и лица кои продавале неверифицирани вакцини.
Според Касперски, најмногу продавачи на вакцини на црно има во Франција, Германија, Велика Британија и во САД, а поголемиот дел од нив извршиле помежу 100 и 500 трансакции.