Постара госпоѓа, која живее во јужниот дел на Кина, пред неколку месеци добила 400.000 јуани (околу 65.000 долари) од своите деца и речиси „преку ноќ“ остана без дел од заштедата. Виновници се – термити.
Наместо парите да ги стави на сметка во банка, ги спакувала во пластични кеси и ги сокрила во дрвен ормар во куќата.
Кога ја отворила фиоката за да земе нешто од парите, жената заклучила дека нејзините пари ги изеле термити.
Во паника парите кои биле изедени ги однела во локалната банка со надеж дека ќе и бидат заменети.
После неколку скенирања и проверки, банката успеала да идентификува околу 54.500 долари, што значи дека изгубила околу 15 отсто од заштедата.