Русија може да достави милион дози од вакцината Спутник В во Хрватска во рок од една недела, објави денеска Вечерњи лист, повикувајќи се на неофицијални извори.
Хрватската страна подготви документација за договорот. Руската амбасада во Република Хрватска вчера соопшти за преговорите, наведувајќи, меѓу другото, дека на 2 март 2021 година, се одржал телефонски разговор помеѓу амбасадорот на Русија во Хрватска Андреј Нестеренко и министерот за здравство Вили Берош, во кој било потврдено дека хрватската страна е заинтересирана за набавка на потребната количина на вакцина Спутник В, во согласност со целата ЕУ регулативите и одредбите од хрватскиот закон.