УЕФА не отстапува од планот за ЕП наспроти британската понуда

Од:

Европската фудбалска асоцијација е уверена дека нема да мора да ја прифати понудата од британскиот премиер Борис Џонсон претстојното Европско првенство да се одржи во Велика Британија, инсистирајќи на планот за одржување на завршниот турнир во 12 држави како што е веќе предвидено.

Претходно денеска британскиот премиер и понуди на УЕФА да и ја довери организаицјата на ЕП на Велика Британија, укажувајќи дека до почетокот на првенството процесот на вакцинација на населението во Обединетото Кралство ќе биде целосно завршен.

-Ние сме домаќини на Европското првенство. Домаќини сме и на полуфиналето, и на финалето. Можеме да бидеме домаќини на кој било натпревар доколку УЕФА тоа го сака, изјави Џонсон во разговор за лондонскиот весник „Сан“.

Европското првенство, според планот на УЕФА, треба да се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 европски градови, а лондонскиот стадион „Вембли“ ќе биде домаќин на натпревари од групната фаза, како и на еден од двата полуфинални, како и на финалниот натпревар.

Од УЕФА не сакаа директно да ја коментираат понудата од британскиот премиер, повикувајќи се на претходните изјави во кои се нагласува дека продолжуваат да работат на постојните планови.
Минатата недела, медицинскиот советник на УЕФА за Европското првенство, доктор Даниел Кох, отфрли каква и да е можност за одложување или откажување на завршниот турнир.

-Нема шанси ЕП да се одложи, завршницата ќе се игра. Не постои најлошо сценарио, постојат реално сценарио и најдобро сценарио, изјави Кох за агенцијата Ројтерс.

Македонската фудбалска репрезентација натпреварите против Австрија и Украина треба да ги игра во Букурешт, додека мечот против Холандија во Амстердам.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри