Италијански дипломати денес за среќа успејаа да го напуштат својот автомобил пред да експлодира, во либијската престолнина Триполи.
-Дипломатите излегоа од автомобилот за да влезат во продавница и тогаш забележаа жици кои што беа закачени под возилото. Веднаш целото подрачје беше евакуирано, пред да експлодира автомобилот-изјави анонимен извор.
Очевидците тврдат дека експлозијата била со послаб интензитет и дека автомобилот не бил целосно уништен.
Елена Георгиевска