Бројот на загинати во урнатата четирикатна зграда во Мумбај се искачи на десет, а пет од нив се членови на исто семејство.
Екипата за спасување упореби сензори и детектори за пронаоѓање на преживеаните, но не пронајдоа никој под рушевините на зградата.
Официјално лица од индијската национална агенција за катастрофи, Виџајендра Дахија пренесе дека шест лица беа повредени вчера при уривањето на зградата.
Тој додаде дека причината поради која се урна зградата се уште е непозната.
Во април во Мумбај загинаа 74 лица кога се урна осумкатница, која што беше изградена без дозвола.
Елена Георгиевска