Русија не го анектира Крим, Полуостровот легално се придружи кон Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џо Бајден „дека Вашингтон нема никогаш да го признае Крим како Русија“.
– Навистина е невозможно да се признае анексијата на Крим и никој не зборува за анексија на Крим, бидејќи такво нешто никогаш не се случило, истакна Песков, додавајќи дека „повторното обединување на Крим и Русија се случило со строго почитување на сите норми на меѓународното право.
Песков потсети дека кримско законодавно тело донело одлука во согласност со статусот на Крим, додека Полуостровот се уште беше дел од терторијата на Украина.