Љајиќ: Нема напредок во дијалогот Белград-Приштина околу телекомуникациите

Од:

Во хеликоптерската несреќа што во околината на Москва се случи во декември, а во која загинаа тројцата патници, еден од загинатите бил 35-годишниот руски претприемач Федор Царев, кого полицијата го барала за повеќе кривични дела, како што е корупција, уништување шума, илегално рударство и други. 

-Таму сме каде што бевме и пред оваа рунда, изјави Љајиќ, кој ја предводи белградската делегација, по разговорите со  шефот на  приштинскиот тим потпретседателката на косовската влада Едита Тахири, со посредништво на Пјер Мирел, директор за Западен Балкан во директоратот за проширување.


Љајиќ објасни дека спорот се води околу меѓународниот позивен број за Приштина и присуството на оператори за мобилната телефонија на северот на Косово.


Србија и натаму инсистира да бара одреден позивен број што потоа би му го отстапила на Косово, а Приштина бара Косово да побара позивен број, а Србија тоа да не го попречува, рече вицепремиерот, додавајќи дека Косово како компромис предложило бројот да го побара трета земја, но и тоа е одбиено.


„Од друга страна, тие одбиваат на Телекомот да му издадат лиценца за северот на Косово, рече Љајиќ, додавајќи дека Приштина одбила неколку решенија кои Белград ги предложил.


Љајиќ вечерва се враќа во Белград, а по консултациите што ќе следат на Мирел ќе му ги достави новите предлози на Белград, а се очекува истото да го направи и Приштина.


-Мирел потоа ќе одлучи дали има потреба од закажување нова рунда, рече заменик премиерот. Тој потсети дека според претходно договорениот план, решението за овие прашања треба да се најде до 15 јуни.


-Ако дотогаш успееме да ги приближиме ставовите, нема да биде страшно доколку задоцниме ден или два, укажа Љајиќ, но и додаде дека доколку до тоа не дојде, прашањето за телекомуникациите ќе мора да го решаваат премиерите.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски