Косовски пратеник, Скендербег го нарече католички херој

Од:

Пратеникот во косовскиот Парламент, Гезим Келменди, го нарече Ѓерѓ Кастриот-Скендербег херој на католиците а не албански национален херој. Келмедни, како што пренесува весникот „Експрес“ тоа го аргуменирал со фактот дека во 15 век, во времето кога војувал Скендербег, не постоеле нации.

– Католиците го имаат својот херој – Скендербег. Во 15 век не постоеле нации и војните биле поради верски прашања, изјавил Келменди во телевизиска емисија.

Тој исто така се сомнева и за потеклото на националниот херој, поради неговата мајка и постоењето многу народи во тоа време во тогашна Албанија и се согласува дека е потребна измена на албанската историја, зашто она што се учело во училиштата не било вистина.

Келменди оценува дека Турција не била окупатор на Албанија, тукусамо владеела во таа земја и затоа треба да се третира како земја – пријател.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска