Тачи: Србија сака да ја одложи примената на договорот

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи изрази надеж дека примената на бриселскиот договор ќе започне што поскоро, без оглед на тоа што Србија се обидува да ја одложи.

-Постојат тенденции за одлагање на процесот, но сигурен сум дека до примена ќе дојде. Тоа е незапирлив и важен процес-истакна Тачи, кој што се наоѓа во неколкудневна посета на САД.

Според него, спроведувањето на договорот ќе донесе слободно движење, укинување на парарелните структури, ред и закон, како и создавање услови за одржување на локални и слободни избори во октомври.

-САД ќе остане со нас и ќе ни дава поддршка за сите заеднички ангажмани. Една од темите за кои разговаравме со американскиот потпретседател, Џозеф Бајден беше потполната примена на постигнатниот договор во Брисел. САД ќе продолжи да работи со ЕУ за да овој процес заврши во одредените рокови-изјави Тачи.

Тој во Њујорк ќе учествува на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која на 14-ти јуни ќе биде претставен извештајот на генералниот секретар за состојбата на Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски