Во американската држава Вирџинија минатата недела е отворен рибен ресторан, во кој пристапот на деца и тинејџери им е забранет.
На ниту една личност што нема 18 години не и е дозволено да влезе во овој угостителски објект и да нарача јадење.
Причината за ова е желбата на сопственикот на измачените родители да им даде можност малку да се опуштат и одморат во пријатен амбиент, без детска врева.
-На родителите повремено им е потребно мирување и тоа не само од сопствените деца, туку од сите воопшто-смета сопственикот на ресторанот Мајк Андерсон, кој е татко на три деца.
Андерсон вели дека размислиле дека би било убаво да има место каде младите родители може да се соберат.
Повеќето клиенти ја поздравиле идејата на децата да им се забрани пристап во локалот, но кај пошироката јавност оваа забрана наиде на осуда.
Реагирајќи на критиката, Андерсон изјави дека поседува уште два ресторани во кои децата се добредојдени.
-Во повеќето ресторани нема високи столови, нема јадење прилагодено за деца. Ние барем сме искрени-објасни тој.
Елена Георгиевска