Парис Хилтон се сврши

Од:

Бизнисменот Картер Реум (40) ја запроси познатата хотелиерка Парис Хилтон. Тоа се случило на приватниот негов остров на 13 февруари, откако почнаа да се гледаат пред една година.

Реум на својата избраничка ѝ дал дијамантски прстен со смарагди, дизајниран од Жан Дусе.

– Возбудена сум за ова следно поглавје и имам партнер што ме поддржува, изјави Хилтон за „Вог“.

– Нашата врска е рамноправна. Се правиме подобри луѓе, меѓусебно. Чекањето вредеше, апсолутно!, истакнува таа.

На Инстаграм пак, таа напиша: „Кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, го знаете тоа. Го чувствувате тоа“.

Според објавата, Реум по интимна вечера, клекнал на колена пред неа и таа му рекла: „Да, засекогаш. Нема друга личност со која повеќе би сакала да го минам својот живот“.

Гласините дека Хилтон и Реум излегуваат, првпат излегоа во јануари минатата година, кога тие беа забележани на свеченостите околу Златниот глобус. Парот ја потврди својата врска на Инстаграм во април со фотографија со бакнеж.

Ова би бил прв брак на Хилтон, иако таа не е првпат свршена. Таа и нејзиното поранешно момче Крис Зилка ја раскинаа свршувачката во ноември 2018 година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска