Им забраниле куси панталони па од протест носат здолништа

Од:

Петнаесет машиновозачи и работници на линијата Рослагсбанан одлучиле да носат здолништа, откако работодавачите им забраниле да носат куси панталони, следниве денови се очекуваат температури до 35 степени, наведе фирмата во која работат.

Машиновозачите во предградието Стокхолм, наместо панталони облекоа здолништа во знак на протест против забраната за носење на куси панталони во текот на жештините, кои траат веќе неколку денови во главниот град на Шведска, се дознава од шведската железница Арива.

– Политиката на нашата фабрика е дека е потребна коректна и соодветна облека кога ја претставуваат Арива, а тоа значи да носите панталони ако сте маж и здолниште ако сте жена, но во никој случај куси панталони, изјави еден од портпаролите на фабриката.

– Но, ако мажот сака повеќе да носи женска облека, на пример здолниште, тоа е во ред, додаде тој.

Арива се согласи на есен да го ревидира Правилникот за облека на вработените.

– Мислењето на нашиот персонал секогаш мора да се земе предвид. Униформата мора да биде пријатна за носење, рече портпаролот.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ