ВИДЕО: Kaнаѓанец седум години се допишувал со лажна жена

Од:

Некои би го нарекле „уште една жртва на љубовта“, а некои „најобичен наивен маж“. Како и да е, 34-годишниот Зак од канадскиот град Брамптон дури седум години бил жртва на т.н. „catfishing“ или лажно претставување на интернет.

Зак уште на стартот се заљубил во мистериозната девојка која се претставила како Мелиса Ричардсон, по што стапиле во „онлајн врска“ која траела неверојатни седум години.

Зак и Мелиса се запознале преку интернет страната „Хот ор Нот“. Младиот Канаѓанец воопшто не се сомневал во постоењето на Мелиса, која дури му испрати и фотографија на која се гледа тетоважа слична на неговата.

Тие разговарале по шест часови дневно, „заедно“ гледале филмови и постојано си изразувале љубов.

Мелиса тврдела дека е модел од Калифорнија и секогаш кога ќе договореле средба, во последен момент и „искрснувало“ нешто непланирано – смрт на роднина, рак, кршење нозе.

Меѓутоа, идилата на Зак завршила во моментот кога на Јутјуб пронашол видео на „жената на неговите соништа“ и дознал дека се работи за 44-годишната Сабрина, која само се претставувала како Мелиса.

Работата да биде уште полоша, Сабрина била во брак и имала две деца, а во својот „заговор“ ја вовлекла и вистинската Мелиса Ричардсон-Фрид, која дури ја убедила да истетовира времена тетоважа на нејзиниот грб за наводно да „поддржи нејзината хуманитарна акција“ и да и испрати фотографија.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ