Глумецот Мајкл Б. Џордан и Лори Харви го прославија Свети Валентин со поглед под морето. Имено, тој изнајмил цел еден аквариум за неговата девојка и помлада колешка за Денот на вљубените. Лори се пофали со тоа преку „Приказните“ на Инстаграм.
„Мојот најмил изнајми цел аквариум за да можеме да направиме приватна обиколка и да ги видиме желките, а потоа влеговме во ова…“, напиша таа споделувајќи видео од тунел украсен со цветни ливчиња и свеќи.
На друго видео, Лори ја покажа и вечера, којашто вклучува огромни букети рози, повторно свеќи и оброк од луксузниот јапонски ресторан „Нобу“ во САД. Потоа следеше и романтичната постела.
Ова е нивниот прв Ден на вљубените заедно.