Ешли Џад преживеала тешка повреда во Африка

Од:

Американската глумица Ешли Џад за малку ќе ја загубела едната нога на своето патување во Конго. Имала 55-часовна операција, но сега е добро и успешно заздравува.

– Почувствував и знаев дека се крши… Она што следуваше беа неверојатно вознемирувачки 55 часа, рече таа во интернет-интервју за „Њујорк тајмс“.

Џад паднала од дрво и лежела во дождовната шума во Афика „со лошо повредена нога“ пет часа во агонија од болката. – Откако една колешка од кампот пристигна да ги поднамести коските, моите „браќа од Конго“ ме однесоа од дождовната шума во импровизирана лежалка и тоа траеше час и половина, додава таа.

Таа ноќ, таа ја минала во колиба пред да замине во главниот град Киншаса со мал авион. Таа останала таму 24 часа и на крајот ја префрлиле во Јужна Африка заради натамошна лекарска помош.

„Јас сум жена на пустелијата, како што знаете… Вакви несреќи се очекуваат”, напиша таа на Инстаграм, соопштувајќи им на следачите дека „за малку ќе ја загубела ногата“.

Џад изрази особена благодарност до нејзините конгоански пријатели.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска