Таткото на познатата американска траперка Ники Минаж, Роберт Мараж, починал откако вчера бил удрен од автомобил, а возачот избегал од местото на несреќата, јавија американските медиуми.
64-годишниот Мараж шетал во Лонг Ајленд, кога бил удрен од автомобилот, а возачот ја напуштил сцената на несреќата без да укаже или да повика помош, а очевидците не биле во можност да го идентификуваат осомничениот, соопшти полицијата во Округот Насау.
Тој бил префрлен во болница во критична состојба, но им подлегнал на повредите во неделата.
Неговата 38-годишна ќерка, славната раперка Ники Минаж, родена Оника Тања Мараж во Тринидад и Тобаго, се уште не се огласила по повод смртта на Роберт.
Раперката го роди своето прво дете со сопругот Кенет Пери во септември во Лос Анџелес. Минаж соопшти дека е бремена во јули минатата година, неколку месеци откако објави повлекување од музичкиот свет.