Вељко Беливук, познат како Веља Неволја, кој беше уапсен заедно со членови на неговата криминална група, под сомнение дека извршил најтешки кривични дела, градеше вила на Звездара во Белград. Вилата на Беливук многумина ги потсети на базата на поранешниот Земунски клан во улицата Шилерова во Земун, објавија српските медиуми.
Беливук имал неколку куќи во Србија и во последно време претежно бил во куќа во близина на Панчево, но изградил вила во Звездара за да биде негова главна база во Белград. Вилата е опкружена со бетонска ограда, а стаклата на прозорците се отпорни на куршуми.
– Куќата има неколку ката, а стаклото на прозорците наводно е отпорно на куршуми, односно блиндирани, има и скап видео надзор. Покрај оваа вила, наводно се наоѓа куќата на Марко Миљковиќ, десната рака на Беливук, вели извор во белградските медиуми.
Двете згради наводно се поврзани со ходник одвнатре, а куќата на Миљковиќ е опкружена со големи sидови и метална порта.
Двете згради се покриени со бројни камери.
Вчера полицијата изврши претрес во неколку викенд-куќи и засолништа на тимот на Беливук, а една од најважните бази беше куќа во околината на Панчево, во рамките на која, наводно, имало стрелиште, во кое криминалците вежбале пукање. Според неофицијални информации, тие ги однеле своите жртви во оваа куќа, каде биле измачувани и малтретирани, а на крај убиени.
Фото: пинк.рс