Во снежната бура што ја зафати Москва падна огромна колична снег која комплетно го завеа градот. Измерените 56 сантиметри снег се најмногу во рускиот главен град во последните осум години. Москва е блиску до рекордот од 1956 година од 60 сантиметри снег.
За нешто повеќе од еден ден паднаа 75 проценти од просечните врнежи снег за февруари. Летовите се откажани или одложени.
Снегот почна да паѓа доцна во четврток, а а се очекува да престане в недела. Градоначалникот на Москва објави дека снегот го чистат над 60 илјади луѓе.