Компанијата АстраЗенека очекува овој месец да произведе повеќе од 100 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19, развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд, зголемувајќи го производството на над 200 милиони месечно до април, изјави денеска генералниот директор на компанијата Паскал Сорио.
Шефот на одделот за истражување и развој БиоФармасјутикалс РиД, Мене Пангалос претходно изјави дека компанијата очекува податоци за доцната фаза на американското испитување на вакцината пред крајот на март.
„Читањето“ на податоците ќе биде само неколку недели, по објавувањето на резултатите постигнати од компанијата во 2020 година.