Салма Хајек: Сѐ уште имам успешна кариера

Од:

Во последното интервју, говорејќи за својата кариера, Салма Хајек се пофали дека ги победила предвидувањата дека нејзината возраст и националност ќе „ја пензионираат“ предвреме како глумица.

– Ми велеа дека мојата кариера „ќе умре“ во средината на 30-тите години од мојот живот. Тоа ќе било, пред сѐ поради тоа што сум Мексиканка и никако нема да успеам, затоа што тоа време било такво, па новите генерации – демек, било невозможно Мексиканка да има водечка улога во Холивуд, раскажува Хајек.

Таа во овој миг е среде шестата деценија од животот и има ангажмани во неколку филмови. Моментно е актуелна со новата љубовна драма „Благослов“ (Bliss) со Овен Вилсон во другата главна улога.

– И, се чинеше дека тоа не е реално – посебно поради оваа чудна нова нормалност и реалност. Но, и времето е друго. Среќна сум што триумфирав во предизвикувачка индустрија, додава таа.

Хајек натаму говори и за уцените и заканите од осудениот сексуален напасник, продуцентот Харви Вајнстин, па за својот среќен брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино, нивната 13-годишна ќерка Валентина итн.

Таа лани глумеше во „Слободни патишта“ и „Како шефица“. Следните филмови каде што ќе глуми, се – „Вечните“ и „Телохранителот на сопругата на професионалниот убиец“, закажани за оваа, 2021 година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска