Сериозни обвинувања за садизам и канибализам против Арми Хамер

Од:

Агенцијата „ВME“, која ги претставува некои од најголемите холивудски sвезди, ја прекина соработката со глумецот Арми Хамер поради контроверзиите околу неговите „еротски“ преписки.

Неодамна на интернет се појавија извадоци, кои во најмала рака, се вознемирувачки. Пораките што тој, наводно, ги испратил, содржат сексуални фантазии за силување, кршење коски и пиење крв. Тој веќе изгуби неколку проекти во кои требаше да глуми. Еден од нив е „Принудна венчавка“, каде што Џенифер Лопез требаше да му прави друштво. Хамер вели дека обвинувањата се лага.

– Не одговарам на вакви г**нарии, но во светло на злобните и лажни напади врз мене, не можам со чиста совест сега да ги оставам моите деца четири месеци за да снимам филм во Доминиканската Република, рече тој во интервју за ТМЗ, во врска со откажувањето од филмскиот проект.

И поранешната сопруга е згрозена од однесувањето на Хамер, оти верува дека пораките се вистинити. Љубопитните истражувачи периодов, следејќи го неговиот профил на Твитер, забележале и дека тој со години следи БДСМ-содржини.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска