Дејвид Набаро од СЗО: Велика Британија да им даде вакцини на земјите во развој

Од:

Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, Дејвид Набаро, денеска повика на поголема еднаквост во дистрибуцијата на вакцините низ целиот свет.

Овој британски лекар за „Скај Њуз“ кажа дека е „апсолутно разбирливо“ тоа што Велика Британија обезбеди големи залихи од вакцините, но истакна дека британската Влада треба да почне да размислува вакцините да ги дистрибуира низ земјите во развој, откако ќе се вакцинираат најранливите групи од популацијата во земјата.

-Сметам дека залихите треба да се дистрибуираат во другите земји, кога ќе заврши вакцинацијата на лицата постари од 50 години, рече Набаро, пренесен од весникот „Гардијан“.

Лекарот додаде дека секој премиер, секоја пратеничка група, треба да формира свое мислење, но „навистина големото прашање е што е најдобро за економијата, општеството и како тие ќе бидат запаметени за 10 до 20 години“.

-Дали сакаме да останеме запаметени како генерација во која оние кои имаа пари го вакцинираа своето население, а оние кои немаа мораа да се справат со драматично зголемување на смртноста кај здравствените работници? Не верувам. Мислам дека тоа не е патот по кој поединецот сака да биде виден кога ќе се сврти наназад, рече Набаро.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска