Поранешниот претседател на Јужноафриканската република и Нобеловец Нелсон Мандела одново беше примен во болница поради белодробна инфекција, сооопшти јужноафриканското претседателство.
Здравјето на Мандела драстично се влошило изминатата ноќ и тој бил префрлен на клиника во Преторија.
Засега состојбата на поранешниот претседател е стабилна, но се уште загрижувачка, се истакнува во соопштението од канцеларијата на претседателот Џејкоб Зума.