Вилјаш-Боаш поднесе оставка, Марсеј купи играч без негова согласност

Од:

Главниот тренер на францускиот фудбалски прволигаш Марсеј, Андре Вилаш-Боаш објави дека донел одлука да се повлече од функцијата.

Како причина за отказот тој го наведе трансферот на играчот за врска на Селтик, Оливие Нтчама, за кој не дал согласност. Управата на клубот сè уште не се произнесе на барањето на тренерот.

– Одлуката за овој трансфер не ја донесов јас, немам ништо со тоа. За тоа дознав од печатот наутро кога се разбудив. Ова е токму играчот што го одбив. Никогаш не бил на нашата листа, а тој дојде кај нас без да знам за тоа. Поради ова, го доставив моето писмо за оставка без да барам ништо од Марсеј како обесштетување. Не се согласувам со спортската политика на клубот, со принципот на одлучување во врска со потребите на тимот, со фактот дека не учествувам во дискусијата за спортската политика на клубот. Жал ми е што дојде до ова, рече Вилаш-Боаш на прес-конференција.

Марсеј е 9. во Лига 1 со 32 бода по 20 одиграни натпревари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска