Јахјага побарала Виетнам да го признае Косово

Од:

На маргините на глобалниот женски самит кој се одржува во Куала Лимпур, Малезија, косовската претседателка Атифете Јахјага остварила средба со потпретседателката на Виетнам Нгујен Ти Доан.

Двете соговорнички разговарале околусостојбата на Косово и во регионот, при што Јахјага побарала Виетнам да го признае Косово.

– Претседателката Јахјага ја запозна Доен со демократскиот процес низ кој минува Косово и нагласи дека признавањето од страна на Виетнам ќе помогне во меѓународната консолидација на Косово, како и поттикнување на соработката меѓу двете земји, се наведува во соопштението од кабинетот на Јахјага.

Потпретседателката на Виетнам посебен интерес покажала за стабилноста и мирот во регионот на Балканот, нагласувајќи дека сака да види понатамошен напредок на Косово. Таа додала дека нејзината земја го оценува и разгледува прашањето околу признавањето на независноста на Косово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска