Претседателот на косовското Собрание и поранешен генерален секретар и еден од основачите на Демократската партија на Косово најави дека во текот на летото ќе формира нова политичка партија.
За се што е лошо на Косово Красниќи го обвини премиерот Хашим Тачи, бидејќи, тој според него самостојно и без консултации и вистинска расправа ги донесува сите одлуки.
Учествувајќи во емисијата Рубикон на КТВ Красниќи рече дека за него повеќе нема место во партијата, која ја формирал и оти нема иднина за ДПК без демократски промени во неа. Тој додаде дека со таква структура на партијата тешко е дека Тачи ќе ги добие изборите.
Тој призна дека имал разговори со многумина, но и со оние кои се незадоволни внатре во ДПК и другите партии околу идејата за создавање нова партија. Красниќи најави дека мошне брзо јавноста ќе ја запознае со одлуката што ќе ја донесе во врска со ова прашање.