Со две примени дози вакцина Фајзер, американски конгресмен е позитивен на Ковид-19

Од:

Американски конгресмен од државата Масачусетс, кому веќе му биле аплицирани двете дози на вакцината против Ковид-19 на Фајзер/БиоНТех е позитивен на коронавирусот.

Кабинетот на конгресменот Стивен Линч соопшти дека тој имал негативен тест пред да присуствува на церемонијата на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Се претпоставува дека Линч е позитивен на тест за Ковид-19 откако бил во контакт со соработник во Бостон кој бил заразен.

Во соопштението се додава дека Линч не покажува никакви симптоми на Ковид-19. Тој ќе се изолира, нема да присуствува лично во Конгресот следната недела и ќе гласа преку полномошник.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид