Објавени делови од договорот за вакцини меѓу Европската Комисија и „АстраЗенека“

Од:

Поради спорот меѓу Европската Комисија и фармацевтската компанија „АстраЗенека“ за доставување вакцини, договорот потпишан со оваа фирма во август минатата година е објавен денеска, но само во редактирана форма, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата пред два дена побара од „АстраЗенека“ да го објави договорот за да се расчистат дилемите околу нарачките и доставите на вакцините, откако компанијата соопшти дека нема да може да ги достави сите на време.

Сепак клучни делови од овој договор остануваат тајни, бидејќи тие информации се сметаат за “доверливи“, посебно во делот на цените.

Европската Комисија и се заблагодари на „АстраЗенека“ за “заложбата за повеќе транспарентност“.

„Транспарентноста и отчетноста се важни за да се изгради довербата на европските граѓани и да бидат сигурни дека можат да сметаат на ефикасноста и безбедноста на вакцините набавени во ЕУ“, реагираше денеска Европската Комисија.

Од ЕК велат дека се надеваат дека ќе можат да ги објават и другите договори со фармацевтските фирми во иднина.

Договорот е објавен на следниот линк: https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/ip_21_302

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Лавров: Русија не украла формула на вакцината на Астра Зенека за да ја произведе Спутник В

Ана Ололовска

АстраЗенека побара одобрение од ФДА за третман со антитела против Ковид-19

А1он

Студија: Комбинација од вакцини на Астра Зенека и Спутник лајт дава висока ефикасност

Ана Ололовска

Фаучи: САД се уште немаат одлука за влез на патници вакцинирани со АстраЗенека

Ана Ололовска