Истрага во белгиската фабрика на АстраЗенека поради намалувањето на испораки на вакцини за ЕУ

Од:

На барање на Европската унија, Белгиската медицинска агенција почна истрага за фабриката на АстраЗенека во близина на Брисел, поради ескалацијата во намалувањето на испораките на вакцини во ЕУ.

Првата посета на претставниците на Белгиската медицинска агенција завршила вчера во фабриката „Сенефа“ во Ено, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во наредните денови ќе се изврши понатамошна инспекција.

Истрагата ја побара ЕУ поради сомнежи во образложението на АстраЗенека за очекуваното намалување на испораката на вакцината за европскиот блок.

АстраЗенека соопшти дека ќе може да им достави на земјите од ЕУ само 25 проценти од 100 милиони дози што се очекуваат до крајот на март, поради проблеми во белгиската фабрика во сопственост на француската научна компанија Новасеп.

Европската агенција за лекови треба да ја одобри вакцината АстраЗенека во февруари.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он