Лондонското дизајнерско студио „ТИЛТ“ изработи столица што ја нарече „Quiet“ (Тишина).
Планот за оваа столица настана за време на работилницата за персоналот и пациентите во болницата Витингтон во Лондон. Сигурен личен простор, било лицето да стои или седи, беше клучен увид во процесот и „ТИЛТ“ креираше форма која може да биде или столица или сепаре во зависност од потребата.
Столицата му овозможува на корисникот да се чувствува заштитено и удобно, речиси целосно засолнето од надворешниот свет.