Косовскиот Парламент денеска усвои резолуција за заштита на правата на Албанците во Прешевската Долина, јужна Србија.
Резолуцијата предвидува проширување и заштита на правата на Албанците од Прешевската Долина, да им го олесни животот и да им овозможи слобода на движење од Долината до Косово и назад, да се укинат таксите за осигурување кои се плаќаат при влезот во Косово и да се отворат канцеларии во Приштина и Гњилане“.
Предлог-резолуцијата беше поднесена од пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Љутфи Хазири и требаше да биде изгласана на 31 мај, но гласањето беше одложено поради немање кворум.
Предлог-резолуцијата минатата недела беше поддржана од премиерот Хашим Тачи, кој предложи со уставни промени да се обезбеди косовските институците да се грижат за Албанците кои живеат во земјите на поранешна Југославија.