Косово воведува визи

Од:

Во диполматско-конзулаторските претставништва на Косово наскоро ќе започне да се издаваат визи за граѓаните на 87 држави за кои, според одлуката на владата на Косово истите се потребни.

-Воведувањето на визи за граѓаните на 87 држави е обврска на Министерството за надворешни работи, а министерот Енвер Хоџај најави дека во согласност со законските рокови, овој систем ќе започне како пилот-проект во Генералниот конзулат на Косово во Истамбул, преку кој во главно доаѓаат патници од Азија и Африка. Вчера беше претставен дизајн за визи за влез на Косово.

При претставувањето беше наведено дека визата ќе има заштита од фалсификување, ќе биде на хартија која што се користи за изработка на пари и ќе ги има главните обележја на Косово.

Визи за Косово помеѓу останатите држави ќе им бидат потребни на граѓаните на Русија, Кина, Индија, но и на луѓето од афричките и азиските држави. Истите нема да бидат потреби за држави од ЕУ и од поранешна Југославија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска