Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири ги повика Сиријците да се обединат за да го симнат од власт претседателот Башар ал Асад.
Тој истакна дека планот на САД е да воспостават сојузничка држава во Сирија, со цел да се заштити безбедноста на Израел.
Завахири исто така нагласи дека единствен начин да се реши палестинското прашање е преку исламскиот џихад (светска војна), е објавено во пораката која што е поставена на исламистичкиот сајт Ал Ансар.
-Лавови на Левант (Сирија и источен Медитеран) обединете се околу оваа цел и издигнете се над секташката припадност. Америка, нејзините агенти и сојузници сакаат да ви ја земат крвта за да го урнат батистичкиот режим, а потоа да воспостават влада која ќе им биде лојална и ќе ја штити безбедноста на Израел-изјави тој.
Елена Георгиевска