Демократската партија на Косово предлага формирање на суд за воени злосторства

Од:

Пред Косовскиот Парламент многу брзо ќе се најде предлогот на Демократската партија на Косово (ПДК) за формирање на домашен суд кој ќе суди за воени злосторства направени во Косово, објави електронското издание на „Експрес“.

Пратеникот на ПДК Куртан Кајтазие изјави дека формирањето на таквиот трибунал е неопходен бидејќи следната година престанува мандатот на ЕУЛЕКС. Неговиот предлог е поддржан и од другите парламентарни партии.

Независниот пратеник Емин Грбеши покрена иницијатива за расправа на која ќе се бара усвојување на резолуција за укинување на извршниот мандат на ЕУЛЕКС. Тој го повлече предлогот по иницијатива на ПДК за создавање на суд за воени злосторства.

Иницијативите за повторно разгледување на мандатот на ЕУЛЕКС станаа актуелни по последното апсење на поранешните команданти на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) под обвинение за извршени кривични дела.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска