Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири ги повика џихадистичките групи во Сирија да се обединат, за да спречат во Дамас да дојде влада, која ќе биде вазал на САД.
Завахири оваа порака ја испрати преку аудиоснимка, објвена вчера на Интернет.
– Обединете се, договорете се и преземете ги сите мерки за да не ви снема оружје и не се разединувајте се додека во Сирија не воспоставите една исламистичка држава, која работи за обновување на калифатот, нагласи Ал Завахири.
– САД и нивните сојузници и следбеници сакаат да ја жртвуваат вашата крв за да го урнат криминалниот алавитски режим на Башар ал Асад и да воспостават влада, која ќе биде нивни вазал и која ќе ја брани безбедноста на Израел, предупреди лидерот на терористичката организација.
– Вашата света војна ни ја враќа надежта, дека ќе ја вратиме Палестина, по 65 години, откако ни беше одземена. Со тоа ќе се борите за воспоставување на исламскиот калифат, кој ќе продолжи со давање жртви се додека не се развиори исламското знаме во Ерусалим, истакна Ал Завахири во пораката насловена како „Шеесет и пет години по создавањето на израелската држава“.