Во Нов Зеланд прв локален случај на коронавирус по неколку месеци

Од:

Високи здравствени службеници од Нов Зеланд денес објавија дека го испитуваат првиот потенцијален случај на локално пренесување на коронавирусот прв пат по неколку месеци, а станува збор за 56-годишна жена која дошла од странство.

По враќањето во Нов Зеланд, таа беше позитивна на тестот на 30 декември, неколку дена по завршувањето на задолжителниот карантин на границата, каде што тестот покажа дека е двапати негативна, објави Ројтерс.

– Работиме на претпоставка дека ова е позитивен случај и дека станува збор за многу заразен вид, не знаеме дали станува збор за варијантата од Јужна Африка или Британија, потенцијално и од Бразил – или некој четврти, рече министерот за здравство Ешли Блумфилд.

Не е познато како жената се заразила, додаде Блумфилд, но бидејќи беше позитивна на тестот неколку дена по напуштањето на карантинот, властите веруваат дека можеби имало локален пренос.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска