Што ни се случува во 14:55

Од:

За најголемиот број вработени 14:55 е време кога најмалку се продуктивни: тогаш се проверуваат статусите на Фејсбук и очајнички се бара кафе или некое чоколадо да се придвижат. Но, тоа не е се…

Од овој проблем страдаат сите, затоа што после долгиот и луд работен ден, вниманието почнува да се намалува, па дури и тие највредните почнуваат да разгледуваат фотографии на своите пријатели на Фејсбук или Твитер.

Ова е заклучокот на анкетата чија цел била да се утврди времето на најмала продуктивност на работникот. Испитаниците го означија 14:55 часот како време кога најмалку им се работи.

Некои тогаш се допишуваат со пријателите, додека други почнуваат со планирање на вечерните активности.

Еден од испитанциите кој учествуваше во анкетата рече:

– Штом часовникот покаже 15:00, морам да признам дека почнувам со планирање како да ја поминам вечерта. Друг признава:

-Обично многу работам наутро и го завршувам поголемиот дел од работата, но проблем се јавува после ручекот кога имам чувство дека ми недостасува шеќер во крвта.

Многу работници тврдат дека остатокот од работниот ден го минуваат така што пијат јако кафе и јадат чоколада за да се вратат во форма после клучните 14:55.

На другиот крај на спектарот, работниците велат дека најпродуктивно време во денот им е во 10:26 часот. Тогаш проверуваат и одговараат на мејлови и го планираат работниот ден.

Исто така, друг најпродуктивен момент е 16:16, кога работниците брзаат да ги завршат дневните задачи за да ги напуштат канцелариите на време.

Сепак, признаваат дека психички се исклучуваат од работа околу 18 минути пред да ја напуштат канцеларијата.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ